За нас
За нас

За ГЛОБАЛ НЕТ

ГЛОБАЛ НЕТ е компанија формирана во 2003 година. Постоиме за да развиеме софтвер по мерка на малите и средните компании во Македонија. Нашиот старт го почнавме со изработка на софтвер за контејнерски транспорт.Неговата функционалност води кон постојано зголемување на неговата побарувачка, на што сме особено горди. Нашиот успех во работењето може да се потврди со работата на денес познатиот web портал  www.mmm.com.mk, чија основа за работење беше поставена токму од Глобал нет.

Мисијата која го предводи нашето работење е развој и имплементација на решенија кои ќе го зголемат успехот во работењето, а кои ќе бидат лесно прифатени од самите корисници. Во тоа успеавме - нашите софтверски апликации имаат еденоставна примена и се употебливи од различен тип на корисници. Мотото на нашата компанија "We make people happy" - „Ние ги правиме луѓето среќни“ ја отсликува реакцијата која ја постигнуваме кај нашите клиенти.

Секое ново барање од клиентите е нов предизвик за нас, а задоволството да понудиме решенија за мали и средни компании е големо. Во ерата на информатичката технологија, голема загуба е истата да не се искористи за зголемување на продуктивноста и растот на компаниите. Едноставен е начинот за да се направи презентација, пресметка, дизајн, креација.... Единствено треба да го најдете вашиот вистински пријател во ИТ технологијата, кој секогаш ќе биде со вас и нема да ве разочара. 

 

GLOBAL NET - LOGO Во 2011 станавме SUPERBRANDS партнер, што дополнително не мотивира да работиме уште подобро за нашите клиенти.


GLOBAL NET - Superbrands PARTNER 2011/2012

 

Наша адреса:
ул. Беласица бр.2 (Скопски Саем)
1000 Скопје, Р. Македонија
Работно време:
Пон. до Пет. 8.30-16.30
Викенди: Неработни
Телефони:
T-HOME > 02 3172 808
MOBILE > 078 221 696

Каде се наоѓаме ?

Нашите нови канцеларии од 01 Ноември 2013 се наоѓаат во управната зграда на Скопски саем, на првиот кат, канцеларија бр. 216.


Зошто ја одбравме оваа локација ?

Во последните 2 години сменивме неколку локации во Скопје. Сепак приметивме дека Скопски саем е една од најдобрите од неколку причини:

 

1. Лесно не наоѓаат нашите клиенти и не треба нешто посебно да им објаснувме

2. Од центарот на градот сме оддалечени само 10мин.


3. На просторот на Скопски саем нашите клиенти можат да користат бесплатен паркинг, што не беше случај во центарот на градот.