Во секојдневната работа со вашите компјутерите се соочувате со многу проблеми. По некое време, иако вашиот компјутер сте го купиле пред 2 месеци, чувствувате како да нема сила. Овие проблеми се нормални и причината е најчесто вируси или слична класа на програми кои релативно го успоруваат системот. !
Можеби да, но искуството кое ние го имаме, доколку се одлучите тоа да го направи некој студент за ниска цена, тогаш веројатноста да платите повторно за дополнителна услуга е голема.
Една од важните работи кои ги добивате е доверба во нашата работа, а со тоа и поедноставна заштита на вашиот компјутер. Точно, не гарантираме дека компјутерот ќе работи 100% добро и во наредните 15 години, но сме сигурни дека ќе биде максимално оптимизиран за работа, ќе добиете квалитетни препораки и секогаш безбедни податоци.
Сепак, најскапата работа кај вашиот компјутер се податоците. Се друго има цена.
Нашите нови канцеларии од 01 Ноември 2013 се наоѓаат во управната зграда на Скопски саем, на првиот кат, канцеларија бр. 216.
Зошто ја одбравме оваа локација ?
Во последните 2 години сменивме неколку локации во Скопје. Сепак приметивме дека Скопски саем е една од најдобрите од неколку причини:
1. Лесно не наоѓаат нашите клиенти и не треба нешто посебно да им објаснувме
2. Од центарот на градот сме оддалечени само 10мин.
3. На просторот на Скопски саем нашите клиенти можат да користат бесплатен паркинг, што не беше случај во центарот на градот.